СДСМ: Институциите имаат обврска да постапуваат

28.11.2017 15:01

Од владејачката партија сметаат дека насилството на 27-ми април беше напад врз демократијата, врз уставниот поредок, обид за загрозување на животот на пратениците, а со тоа и напад врз сите граѓани на Република Македонија.

Од СДСМ велат дека Македонија е сериозна и демократска држава, со институции коишто имаат обврска пред граѓаните и Уставот да постапуваат согласно со јасни законски процедури, за целосно расчистување на настаните од 27-ми април и соодветна законска одговорност на сите инволвирани.

Од владејачката партија сметаат дека насилството на 27-ми април беше напад врз демократијата, врз уставниот поредок, обид за загрозување на животот на пратениците, а со тоа и напад врз сите граѓани на Република Македонија.

„Институциите имаат кредибилитет и должност да го расветлат случајот, заради потребата од правда и владеење на правото во Република Македонија, за ваков случај никогаш да не се повтори“, велат од СДСМ.