Протести со фатални последици избувнаа во Киев
Најмалку седум лица загинаа, а 150-на се повредени во протестите меѓу демонстрантите и полицијата што ескалираа во Киев, Украина.

Полицијата употреби гумени куршуми и шок бомби за да запре илјадници денмонстранти кои маршираа кон парламентот.
Судирите се случија во моментот кога во украинската Рада се дебатираше за измени во Уставот.
Првата реакција прсистигна од шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон која што искажа длабока загриженост поради ерупцијата на насилство и побара од политичарите да работат на вистински промени. Русија ги обвини демонстрантите за соработка со западните пполитичари и европските структури. и побара од демонстрантите да не бидат агресивни и да не се приклучуваат кон радикалните фракции во демонстрациите.
Нападнато е и седиштето на партијата на претседателот Јанукович каде што биле пронајдени три тела, а полицијата веѓе соопшти дека еден полициски службеник загина.
