Бергсма најдобар меѓу најдобрите!
Холанѓаните немаат конкуренција, жнеат медали како од шега, но како се ближи крајот на олимпиското брзо лизгање така зачестија изненадувачките резултати.

Тројната победа на претставниците на земјата на лалињата на 10000 метри не е неочекувана, туку триумфот на Јорит Бергсма. 28 – годишниот Бергсма не му дозволи на големиот Свен Крамер да ги обедини титулите на 5 и на 10 километри, напротив на своето светско злато токму од Сочи минатата година, го придодаде и олимпиското. Дополнителната тежина на најсјајното одличје на Бергсма е и во резултатот, 12.44.45 што е нов олимписки рекорд или за дури 14 секунди и 10 стотинки подобро од времето на шампионот од Ванкувер, Кореецот Сеунг – Хон Ли кој денеска беше четврти.
Победникот на 5000 метри Крамер за среброто беше побавен огромни 4 секунди и 57 стотинки. На бронзениот Боб де Јонг не му беше важно што имаше неверојатни речиси 23 секунди послаб резултат од оној на Бергсма, затоа што е првиот во историјата на Олимпијадите со четири медали во маратон во брзо лизгање, злато од Торино, сребро од Нагано и бронзи од Ванувер и Сочи.
Третпат преставниците на Холандија на овие Олимписки зимски игри ги собираат сите одличја во иста дисиплина со што на најуспешната лизгачка нација и донесоа вкупно 101 медал или19 од 27-те во Сочи.
