САД да се вклучат во решавањето на спорот меѓу Грција и Македонија
Вчера министерот за надворешни Димитров, кој денеска ќе учествува на конференцијата на Атлатскиот совет во Вашингтон, имаше средба со преставници од Конгресот и со Хојт Брајан Ји...
Стратегија на угледниот Атлантски совет за поактивно американско учество на Балканот. САД да се вклучат во решавањето на повеќедеценискиот спор за името меѓу Грција и Македонија, пишува во анализата. Натаму се наведува, со македонските политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Вашингтон повнимателно да се однесува поради присуството во регионот.
Вчера министерот за надворешни Димитров, кој денеска ќе учествува на конференцијата на Атлатскиот совет во Вашингтон, имаше средба со преставници од Конгресот и со Хојт Брајан Ји. Како база на американските интереси во регионот, се спомнува Бондстил во Косово, што може и хуманитарно да придонесе на Балканот.
Инаку медиуми од Вашингтон јавуваат дека од наредната година Хојт Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија, ќе биде новиот американски амбасадор во Македонија.
