Прифатено обвинението на за случајот „Тенк“
Овој случај се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешната министерката за внатрешни работи и началникот за јавни набавки, за набавка на луксузниот мерцедес вреден над половина милон евра, со што му нанеле штета на државниот буџет.

Советот за утврдување на обвинителни акти го прифатил обвинението на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Тенк“. Овој случај се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешната министерката за внатрешни работи и началникот за јавни набавки, за набавка на луксузниот мерцедес вреден над половина милон евра, со што му нанеле штета на државниот буџет.
Скопска Апелација на 8-ми ноември одлучи прислушуваните разговори за набавката на мерцедесот да бидат доказ во судењето за случајот „Тенк“.
Сѐ уште не бил утврден датумот за почеток на судењето, ниту пак бил определен судија кој ќе го води предметот.
