Ракомет

Металург поразен во Брест

18.02.2014 19:08

Во натпревар што на победникот му носеше значаен исчекор кон учество на турнирот на најдобрите 4 екипи во СЕХА регионалното натпреварување екипата на Металург загуби на гостувањето во Белорусија од Мешков со 27-24.

Ако се има пре вид дека македонскиот вицешампион само еднаш беше во водство, а постојано бркаше негатива која во одредени моменти беше и 5 разлика во полза на домашниот состав, тогаш поразот е реален. Од друга страна металурзите постојано беа во шанса за резултатски пресврт, но во моментите кога се кршеше резултатот непотребно брзаа со шутот, го имаа пред себе и одличниот Пешиќ кој нанижа 12 интервенции, а и судиите кои со неколку одлуки и серија од 7 исклучувања го навлекоа гневот кај ракометарите на Металург.Првото полувреме комплетно, на крајот со 15-12 им припадна на ракометарите на Брест, на почетокот на второто Металург се врати, израмни и поведе со 16-15, но и дозволи серија од 7-1 со што Мешков беше на чекор до победата.

Манасков постигна 5 голови и беше најефикасен, Ојлески и Циндриќ по 4, Вугринец само 1, додека во победничкиот состав Камишник со 6 и Стојковиќ со 5 беа најзаслушни за победата со која Мешков изби 3-тото место и на 2 бода пред Вардар и Металург на Сеха табелата.