Заев: Не ги коментирам одлуките на судот
29.11.2017 13:51
Jас се посветувам на политичкиот аспект затоа што сум политичар и верувам дека мора да има владеење на правото во Македонија, изјави премиерот...

Ќе има нови средби со претседателот и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на општата политичка состојба во земјава, изјави денеска премиерот Заев. Не ги коментирам одлуките на судот, дополни Заев.
Не сакам да ги коментирам одлуките на судот, јас се посветувам на политичкиот аспект затоа што сум политичар и верувам дека мора да има владеење на правото во Македонија, но и да бидеме сите внимателни за перспективите на државата, Македонија е исправена пред сериозни процеси и реформи, верувам дека ќе изнајдеме решение преку разговор со политичките субјекти, рече Заев.
