Метео: Во наредните денови облачно со врнежи од дожд

29.11.2017 13:54

Ќе дува и засилен ветер од јужен правец. Во Скопје дневната температура ќе достигне до 12...

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажна и потопла воздушна маса со претежно облачно време и повремени врнежи од дожд кои што во текот на утрешниот ден ќе бидат пообилни во западните делови од земјава.

Ќе дува и засилен ветер од јужен правец. Во Скопје дневната температура ќе достигне до 12, а максималната на југоисток до 16 степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска