Застарената механизација проблем за битолската подружница на „Македонија пат“

29.11.2017 14:11

Најголемата подружница на „Македонија пат“ и зимава ќе го чисти снегот на седум планински превои или вкупна патна мрежа од 1.400 километри. Велат дека се подготвени за првиот пообилен снег. Се плашат од проблемите што може да ги прави застрената механизација. Во постојан дослух се со сообраќајната полиција, а апелираат за поголема одговорност на учесниците во сообраќајот...

Од средината на месецов механизацијата на битолската поружница на „Македонија пат“ распоредена на петте пунктови. Се чекаат првите пообилни врнежи на снег. Подготвени сме да интервенираме, иако камионите ни се доста стари- вели Љубе Стојановски. Возачот со 25 годишно искуство по најтешките терени, апелира за поголема одговорност на учесниците во сообракајот.

„Факт е дека камионите ни се стари, но работата може да биде поефикасна ако имаме сојузништво од возачите на лесни возила да ја прилагодат брзината, да ни направат пат да интервенираме“, вели возачот на камион, Љубе Стојановски.

Оперативниот план на најголемата подружница на „Македонија пат“ сложен и обемен. Возниот парк во просек е стар над 20 години, но обврските остануваат. Битолската подружница и зимава ќе чисти на седум планински превои и патна мрежа долга 1.400 километри.

Ќе бидат вклучени 30 тешки возила како и оние што се ангажираат од трето лице преку тендерот за јавна набавка. Набавениот абразивен материјал е распореден по пунктовите и стопанскиот двор.

„Количините на набавената сол и ризла се сосема доволни за оваа прва фаза, тоа го потврдува и досегашното наше искуство, а нема со материјал да бидиме кратки и во подоцнежните фази на зимата“, вели инжинерот со долг стаж, Владимир Стилиновиќ.

Во постојан дослух се со собраќајната полиција, посебно за помош на најкритичните места.

„Нормално контролата нема да изостане и собраќајната полиција постојано ќе биде на терен, посебно на планинските превои, да помогнеме во непречено одвивање на сообраќајот“, вели командирот на сообраќајната полиција при СВР Битола, Бранче Мицевски.

Мицевски вели дека по стартот на правилата за зимска сезона, полицијата врши позачестени контроли, а почитувањето на возачите за носење на зимска опрема, засега е на завидно ниво.

Стевче Митревски