ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира и ќе блокира крстосници во Скопје
29.11.2017 14:46
Блокадите се најавени за крстосниците кај Мавровка, Порта Влае, булеварите Јане Сандански и Србија, како и кај локацијата рампа во Кисела Вода.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните, членови или симпатизери да дадат поддршка против политичкиот прогон на власта. Од оваа партија најавија блокирање на неколку крстосници во Скопје во периодот почнувајќи од пред неколку минути до 17 часот.
Блокадите се најавени за крстосниците кај Мавровка, Порта Влае, булеварите Јане Сандански и Србија, како и кај локацијата рампа во Кисела Вода.
Вечер, партијата ќе организира и протест пред Министерството за правда.
