Влада на РМ

Усвоен Предлог- законот за амнестија, на слобода ќе излезат 670 осудени лица

29.11.2017 15:18

На слобода ќе излезат 670 правосилно осудени лица, а на 3.090 ќе им биде намалена казната за 30 насто, информираат од Владата. Со овој Предлог- закон ќе се амнестираат сите обвинети до 20- ти септември годинава.

Владата го усвои Предлог- законот за амнестија. На слобода ќе излезат 670 правосилно осудени лица, а на 3.090 ќе им биде намалена казната за 30 насто, информираат од Владата. Со овој Предлог- закон ќе се амнестираат сите обвинети до 20- ти септември годинава.

Амнестија нема да има за лица осудени на доживотен затвор, за оние кои се барани со потерница и за тешки кривични дела.

Владата подготвува и стратегија за реформа во правосудниот сектор. Со ова, според надлежните  се даваат насоки за подобрување на целокупниот правосуден сектор преку надминување на постојните недостатоци и враќање на довербата во институциите, објаснуваат од Владата.

Меѓудругото на брифингот со новинарите беше објаснет и начинот на кој биле вработени лицата во Секторот за односи со јавност во Владата. Портпаролот Бошњаковски рече дека сите вработени ги исполнувале бараните критериуми.