Шпанија: Воз излета од железничка шина, повредени 21 лице
29.11.2017 14:55
До инцидентот дошло поради неповолни временски услови предизвикани од обилните дождови

Дваесет и едно лице се повредени кога вагон на патнички воз излетал од железничка шина меѓу јужните шпански градови Малага и Севилја.
До инцидентот дошло поради неповолни временски услови предизвикани од обилните дождови. Во тек е истрага за несреќата.
