Остварување еднакви права на Ромите
Рeшавање на проблемот со документи, домување, вклученост на децата Роми во градинки и училишта, се дел од целите на проектот „Заедничка акција за остварување на еднакви права“.

Говорот на омраза да се третира како кривично дело, подобрување на пристапот до правда, подигнување на свесноста за дискриминација – дел од мерките кои треба да се преземат за да се стави крај на дискриминацијата.
Легализација на ромските населби и помош за остварување на правото на домување, помош на лицата Роми кои немаат документи, инклузија на децата Роми во претшколските установи преку ослободување од плаќање за семејства во ризик, се дел од препораките произлезени од проектот „Од акција до еднакви права за Ромите“, финасиран од ЕУ.
Надлежните велат дека проблемот со Ромите кои беа под скопското Кале е решен привремено. Тие се сместени во социјални објекти, а децата се вклучени во дневни центри. Се уредуваат мини- куќички во Визбегово каде што ќе бидат сместени. Направен е и список на социјални станови и ќе биде објавен оглас за прераспределба.
Наташа Јанчиќ
