Филе се отакажа од посредство во БиХ
Европскиот комесар за проширување Штефан Филе се откажува од посредството во Босна и Херцеговина, разочаран од разговорите со седумте лидери на највлијателните партии во земјата. Тој истакнал дека е срамота за политичарите што Босна и Херцеговина ги крши меѓународните обврски, неисполнувајќи ја одлуката на Европскиот суд во Стразбур.

„Ова не беше мој неуспех, туку на политичарите на Босна и Херцеговина. Некои направија се што можеа, а некои зборуваа но не направија никакви искрени напори“. – изјави Штефан Филе, европски комесар за проширување“
Филе ги наведе трите нови иницијативи од ЕУ за добросостојбата на федерацијата, и наведе дека се треба да се решава по мирен пат и никако со насилство.Во меѓувреме, продолжуваат протестите во повеќе босански градови. Демонстрантите бараат итно формирање нова влада и ревизија на платите.
Германската канцеларка Меркел изрази жалење поради резултатите на швајцарскиот референдум за намалување на доселеничките квоти и оцени дека Швајцарија сега се соочува со предизвик како да ги задржи блиските односи со Унијата. Францускиот министер за индустрија со истиот став, изјави дека за одмазда ќе се воведе царина на швајцарскиот извоз што ќе ја осиромаши земјата.
„Постои период на транзиција од три години. Швајцарија прво треба да ги имплементира резултатите од референдумот и потоа ќе треба да оцениме какви ќе бидат последиците“,Ангела Меркел, германски канцелар
Швајцарските граѓани со 50, 3 насто гласаа за ограничување на доселување во земјата, што го доведува во прашање договорот кој на државјаните на ЕУ им овозможува слободен пристап до швајцарскиот пазар на труд.
На Тајланд еден полицаец и двајца демонстранти се застрелани, а десетици други се повредени во судирите коишто почнале кога полицијата тргнала да ги ослободи зградите окупирани од антивладините демонстранти. Тајландската антикорупциска најави обвиненија против премиерката Шинаватра поради спорните субвенции за ориз. Аналитичарите очекуваат да и биде изгласана недоверба и да и бидат одземени должностите.
Марина Автовска
