Шилегов избран за претседател на ЗЕЛС, ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше на конститутивната седница
На конститутивната седница формирани сите тела на Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Шилегов најави дека ќе го продолжи процесот на децентрализација и ќе го подобри финасирањето на општините.

Петре Шилегов е нов претседател на Управниот одбор на ЗЕЛС. За негови заменици избрани градоначалниците на општина Чаир, Висар Ганиу и на Кавадарци, Митко Јанчев. На конститутивната седница формирани сите тела на Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Шилегов најави дека ќе го продолжи процесот на децентрализација и ќе го подобри финасирањето на општините.
На конститутивната седница не присуствуваа градоначалниците од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Како причина, партијата го наведе недемократското однесување на власта и селективниот пристап при примената на правдата.
„Власта врши масовни притисоци, заплашувања, прераспределбии отпуштања од општините и одлокалните јавни претпријатија на вработени кои не се членови на СДС. Кривично се гонат голем број на градоначалници поради нивната политичка припадност, ова е невиден преседан во Република Македонија во последните 27 години“- стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата обвинуваат дека власта затвора луѓе кои си ја сакаат државата, а подготвува Закон за амнестија на луѓе кои се сторители на тешки кривични дела.
Андријана Атанасовска
