ВМРО-ДПМНЕ: Блокирање на крстосници и протест
29.11.2017 17:10
Партијата ги повика граѓаните, членовите или симпатизерите да дадат поддршка против политичкиот прогон од Власта.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокади на крстосници во главниот град. Партијата ги повика граѓаните, членовите или симпатизерите да дадат поддршка против политичкиот прогон од Власта.
Според ВМРО-ДПМНЕ, десетици патриоти треба да одговараат за измислено дело тероризам. Попладнево, најавен протест пред Министерството за правда.
