Џафери ги достави барањата за притвор на пратениците до ресорната Комисија
Пред одлуката за доставување на барањата до Комисијата, преседателот на Собранието Џафери оствари средби со премиерот Зоран Заев и Лидерот на ДУИ Али Ахмети...

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вечерва ги достави до Комисијата за мандантно-имунитетни прашања барањата за притвор за шест пратеници.
Од Собранието на РМ соопштија дека согласно член 53 став 5 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Собранието Џафери, ги достави до Комисијата за деловнички и мандантно -имунитетни прашања барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска поднесени од Основен суд Скопје 1- Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција IV KOK.ПП. бр.384/17 од 28 ноември 2017 година.
Пред одлуката за доставување на барањата до Комисијата, преседателот на Собранието Џафери оствари средби со премиерот Зоран Заев и Лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Комисијата за деловнички и мандантно -имунитетни прашања ќе се одржи утре во 12 часот.
