Продолжува комисиската расправа по Предлог-буџетот за 2018
Општиот претрес по предлогот започна завчера и според Деловникот трае 10 работни денови. Комисијата не заседаваше вчера и завчера.

Во Собранието на Република Македонија денеска на седница на Комисијата за финансирање и буџет ќе продолжи расправата по Предлог-буџетот за 2018 година.
Општиот претрес по предлогот започна завчера и според Деловникот трае 10 работни денови. Комисијата не заседаваше вчера и завчера.
Предлог-буџетот за 2018 година пред пратениците во понеделникот го образложи министерот за финансии Драган Тевдовски најавувајќи трошење на народните пари на вистински мерки.
Според парламетнарното мнозинство, предложеникот буџет е граѓански, креиран на реални проекции и со него почнува со финансиска и економска стабилизација, за опозицијата е дека не е реален и реформски.
Поднесени се вкупно 279 амандмани.
