Тилерсон: Македонија е на добар пат да биде успешен пример за регионот

30.11.2017 10:40

Американскиот државен секретар на средбата со шефот на македонската дипломатија, нагласил дека САД ќе продолжат да имаат позитивна улога за стабилноста и напредокот на регионот, да бара начини како да помогне...

Македонскиот шеф на дипломатијата Димитров вчера беше примен од Рекс Тилерсон, државен секретар на САД. На средбата Тилерсон истакнал дека Македонија е на добар пат кон успехот и треба да биде пример за регионот.

Тој нагласил дека САД ќе продолжат да имаат позитивна улога за стабилноста и напредокот на регионот, да бара начини како да помогне.

Тилерсон ја поддржал реформската агенда повикувајќи ја Владата на Република Македонија да истрае во нејзиното спроведување.

Во рамките на посетата, Никола Димитров вчера имаше настап и пред Атлантскиот совет.