Хан: Можно решение за Македонија во првата половина на 2018-та

30.11.2017 10:45

Сега имаме прозорец на можности до средината на следната година, кога почнува изборната кампања во Грција. Сѐ повеќе се разбира потребата дека политичко решение мора да се најде- вели Хан во интервју за австрискиот весник „Винер Цајтунг“.

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан очекува во првата половина на 2018-та година да се најде политичко решение со Грција за отворање на преговорите со Македонија за членство во ЕУ.

Сега имаме прозорец на можности до средината на следната година, кога почнува изборната кампања во Грција. Сѐ повеќе се разбира потребата дека политичко решение мора да се најде- вели Хан во интервју за австрискиот весник „Винер Цајтунг“.

Хан нагласува дека во тој правец е и подобрената политичка клима меѓу Скопје и Атина. Еврокомесарот потсетува дека Европската комисија досега дала девет препораки за почеток на преговорите со Македонија.

Истакнува дека и државите членки на ЕУ сега сфаќаат дека земјите од Западен Балкан мора да имаат јасна перспектива за евроинтеграција, за да се обезбеди долгорочна стабилност во регионот.