Ново рочиште за случајот „Труст“
Одбраната побара како доказ да не се изведуваат 155 документи...

Во Кривичниот суд Скопје денеска се одржува ново рочиште за предметот на СЈО „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“. Тие се осомничени за фалсификување документи и местење тендери на ЕЛЕМ вредни 17 милиони евра.
Одбраната побара како доказ да не се изведуваат 155 документи, како и да се изземат и аудиоматеријалите што се однесуваат на два телефонски разговора. Од СЈО посочија дека тоа се важни докази за нив и дека јавноста треба да знае што се случило. Судот не го прифати предлогот на одбраната, но и не дозволи да биде изведен доказ со диск со обработени банкарски сметки.
Обвинителството на минатото рочиште ја презентираше листата од над 1.500 докази.
