Бошковиќ: Црна Гора ќе ја промовира Македонија во НАТО

30.11.2017 12:40

Црна Гора ќе ја промовира Македонија во НАТО- истакна црногорскиот министер за одбрана Бошковиќ по средбата со министерката Шекеринска, која истакна дека како прв човек на одбраната е фокусирана на исполнување на сите политички критериуми за влез во Алијансата...

Црна Гора ќе биде најголем промотор на македонските интереси во евроатланскиот процес- порача црногорскиот министер за одбрана, Предраг Бошковиќ по средбата со мисинстерката Радмила Шекеринска.

„Не само поради тоа што Македонија ни е драга земја, туку и затоа што тоа е во голем инитерес на Црна Гора, бидејќи само со стабилен и соединет регион може да биде добра основа за економски раст и развој на целиот регион“, рече министерот Бошковиќ.

Министерката Шекеринска го посочи црногорскиот прием во НАТО, како пример кога сите напори се фокусирани кон единствената цел.

„Таа е инспирација за сите нас и е доказ кога стратешката цел е навистина поскаувана, таа е достижна“, рече министерката Шекеринска.

Министерката потенцираше дека изминатиов период фокусот е ставен на исполнување на сите критериуми и услови, Македонија што поскоро да биде 30-та членка на Алијансата.

На работната средба министрите разговарале за соработката во одбраната, но и за соработка во наменската индустрија.

 

Марина Стојанова- Тонева