Британска амбасада: Насилствата во Собранието мора да имаат судска разврска

30.11.2017 12:50

Настаните во Парламентот на 27-ми април беа насилни и заслужуваат детална истрага, со последователни постапки низ судски процеси доколку е потребно. Важно е да се почитуваат институционалните процедури и соодветните правни постапки со максимална транспарентност...

Британската амбасада во Македонија оценува дека насилствата во Собранието од 27-ми април годинава мора да се истражат и да имаат судска разврска.

„Настаните во Парламентот на 27-ми април беа насилни и заслужуваат детална истрага, со последователни постапки низ судски процеси доколку е потребно. Важно е да се почитуваат институционалните процедури и соодветните правни постапки со максимална транспарентност за да им биде јасно на сите дека законот се применува непристрасно“, соопшти Британската амбасада, коментирајќи ги приведувањата на 36 лица, меѓу кои и шест пратеници, за нападот на Собранието.