ВМРО-ДПМНЕ: Власта спроведуав класичен партиски реваншизам
Власта става во затвор, уметници, актери, режисери и луѓе кои целиот свој работен век го посветиле на одбрана на државата, додека во исто време изготвува Закон за амнестија на над илјада затвореници, извршители на тешки кривични дела- обвинува во партиското соопштение.

Хунтата на власт управувана од СДС спроведува класичен партиски реваншизам и брутален политички притисок. сдс го злоупотребува судството за креирање на неосновани обвиненија за наводен тероризам против искрени патриоти- се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Власта става во затвор, уметници, актери, режисери и луѓе кои целиот свој работен век го посветиле на одбрана на државата, додека во исто време изготвува Закон за амнестија на над илјада затвореници, извршители на тешки кривични дела- обвинува во партиското соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека денеска од 15 до 17 часот ќе ги блокира крстосниците кај Мавровка, во Карпош и кај Рампа. Ќе организира протест и пред Основниот суд Скопје 1 - Скопје во 18 часот, каде се најавени обраќања на партиски функционери пред присутните.
