Меѓународен саем за образование во Битола
Двогогодишната формална соработка помеѓу Битолскиот универзитет, Американската амбасада во земјава и Американското катче од Битола го иницира првиот Меѓународен саем за образование. На саемот беа промовирани образовните програми за размена и можностите и начините за нивно користење.

Овој Меѓународен саем со нови понуди кон оние што работаат на полето на меѓнародната образовна соработка, можности, проекти и програми. За студентите тоа е осознавање на нови можности кои им стојат на располагање да се стекнат со знаења, барани во современиот економски свет, вели студентот Димитар Егуменовски и самиот корисник на интернационална програма.
„Стекнувате голем број контакти и пријателства. Исто така имате шанса да учите во едно ново опшество, во едни поинакви услови на нов универзитет, а со тоа и поинаку се градите како личност“, вели студентот Димитар Егуменовски.
Американската екононија и високо образование нудат широк спектар на додипломски и посдипломски студии, а можностите за финансиска помош се многу поголеми. Очекуваме промовираните образовни програми за размена да ги потикнат младите на нови чекори велат организаторите на саемот.
„Сигурно сте слушнале за програмата која е наменета за студенти кои поминуваат еден семестар во Америка. Тука е програмата „Јес“, која за средношколците да поминат една стипендирана учебна година во нашата земја и програмата што овозможува целосно стипендирани додипломски и посдипломски студии“, вели Бенџамин Линџан, задолжен за односи со јавноста во Американската амбасада.
„Канцаларијата за меѓународна соработка и кредо- центарот при УКЛО овозможуваат иницирање, потикнување и активна помош на студентите“, вели проректорката проф. д-р Елизабета Бахтиванска.
Меѓународната соработка на Битолскиот универзитет има солидни резултати произлезени од нивно внрежување како членка на Магна карта и Европската и Балканската асоцијација на универзитети.
Стевче Митревски
