Висока стапка на родово базирано насилство врз жените и девојчињата со попреченост

30.11.2017 14:55

Меѓународните претставници во земјава велат дека жените и девојчињата се дискриминирани, не само поради недостатоците, туку и поради полот. Истанбулската конвенција предвидува сите сервиси да бидат достапни и за лицата со различни видови попреченост. Националната мрежа против насилство преку брошури информира каде жртвите можат да добијат помош и поддршка...

Стапката на родово базирано насилство врз жените и девојчињата со попреченост во земјава е повисока од другите држави во регионот и во ЕУ, алармираа од УНИЦЕФ. Меѓународните претставници во земјава велат дека жените и девојчињата се дискриминирани, не само поради недостатоците, туку и поради полот. Во земјава недостигаат сервиси за поддршка кои ќе бидат достапни како и стручен кадар за нив.

Националната мрежа против насилство врз жените преку брошури приспособени на различни типови инвалидитет ќе ги информира каде да се пријави насилство, кој им нуди помош и поддршка.

Царовска истакна дека Истанбулската конвенција предвидува сите сервиси, што ги дава државата за превенција, помош, поддршка и рехабилитација на лица кои претрпеле семејно насилство, треба да бидат пристапни и за лицата со различни видови попреченост, специфично жени и девојки.

Наташа Јанчиќ