Последна изведба на „Атила“ во МОБ
19.02.2014 09:06
Претставата премиерно беше изведена минатата сезона, по повод 200 години од раѓањето на оперскиот композитор Џузепе Верди...

Македонската опера и балет вечер ќе одржи последна изведба на оперската претстава „Атила“ во режија на Дејан Миладиновиќ од Србија, под диригентство на неговиот сонародник Ѓорѓе Павловиќ.
Претставата премиерно беше изведена минатата сезона, по повод 200 години од раѓањето на оперскиот композитор Џузепе Верди.
Насловната улога ќе ја игра Иван Томашев од Србија, а учествуваат и Нико Исаков од Бугарија, Весна Ѓиновска-Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Дејан Стоев и Диме Петров
