Кривичен суд

Продолжува судењето за случајот „Труст“

30.11.2017 15:57

На новото рочиште за случајот „Труст“, се сослушуваа сведоците на обвинителството. Од следното, во судница ќе влезат и вештаците предложени од Специјалното јавно обвинителство...

Управителот на Силекс Неметали, кого судот го сослуша како сведок, рече дека тој му ја дал спорната документација на обвинетиот Василие Авировиќ за да учествува, а подоцна и да го добие тендерот на ЕЛЕМ.

Во тендерската документација, сведокот потврди дека била приложена и сторнирана фактура за набавка на механизацијата за ископ на јаглен, која според него не требало да биде дел од документите. Сведокот потврди дека стари товарни возила завршиле во отпад за старо железо.

Во предметот „Труст“ што го отвори Специјалното обвинителство, обвинети се тројца. Се товарат дека со лажна документација добиле тендер на ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина.

На следното судско рочиште закажано за 12-ти декември, судот ќе сослуша и двајца вештаци предложени од Специјалното јавно обвинителство.

 

Анита Димитријевска