Кривичен суд

Од домашен притвор, во истражниот затвор Шуто Оризари

01.12.2017 10:43

Тие се товарат за кривично дело- терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

По жалбата од Обвинителството, Кривичниот суд во Скопје реши сите шест осомничени од домашен да ги префрли во притвор во истражниот затвор Шуто Оризари. Тие се товарат за кривично дело- терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Кривичниот совет денеска ќе одлучува по жалбите и за другите обвинети за кои Обивинителството бара притвор, а не куќен притвор, како и за жалбите на дел од притворените во затворот во Шутка кои бараат до одат во домашен притвор.

Вчера беше определен притвор и за три лица кои беа подоцна приведени или сами се пријавиле, а се дел од групата од 36 осомничени за настаните од 27-ми април во Собранието.