Шекеринска: Македонија сака заслужено во НАТО

01.12.2017 11:14

Република Македонија не бара членството во НАТО да го добие како подарок. Тоа не е стекнато право, туку е резултат на посветеност, исполнети критериуми и континуирана стабилност- истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

За полноправното членство во НАТО и за безбедносните предизвици, денеска ќе се разговара на состанокот на министри за одбрана на САД- Јадранската повелба, кој се одржува во Охрид.

Република Македонија не бара членството во НАТО да го добие како подарок. Тоа не е стекнато право, туку е резултат на посветеност, исполнети критериуми и континуирана стабилност- истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Само со заеднички напори можеме да ги совладаме предизвиците и заканите кон вредностите во кои веруваме. Во тој контекст верувам дека токму од денешната средба ќе произлезат нови идеи и проекти, со што ќе ја продлабочиме и унапредиме нашата соработка, нагласи Шекеринска.

Пред учесниците на состанокот обраќање имаше и премиерот Зоран Заев кој потсети дека токму Јадранската повелба беше мотивацијата што ги водеше земјите членки за рекордно време да ги достигнат стандардите за членство во НАТО, притоа изразувајќи жалење што Македонија во Букурешт остана пред вратата на Алијансата поради спорот со Грција, независно од генералната оценка дека земјата ги исполнила сите критериуми.

САД- Јадранската Повелба е форум кој поттикнува заеднички и координирани напори за што побрзо исполнување на критериумите и стандардите на НАТО и развој на активности насочени кон унапредување на меѓусебната соработка и градење на мирот, демократијата, стабилноста и просперитетот во регионот.