УХМР: Врнежите ќе продолжат и наредните два дена

01.12.2017 12:50

Водостојот на реките е покачен и постојат ризици од поплави. Од понеделник се очекува заладување.

Врнежите ќе продолжат и во наредните два дена, велат од Управата за хидрометеоролошки работи. Се очекува да наврнат 60 литри дожд  на квадратен метар.

Водостојот на реките е покачен и постојат ризици од поплави. Од понеделник се очекува заладување.

До крајот на денот времето ќе биде облачно на повеќе места со изобилни врнежи од дожд, најобилни во југозападните и источните делови на земјава каде се очекува да наврнат над 60 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер  од северен, а во јужните делови повремено засилен од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде  облачно со врнежи од дожд со умерен интензитет и со слаб до умерен ветер од од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.