Грујевски и Бошкоски побарале политички азил во Грција
Грујевски и Бошкоски беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18-ти октомври, при обид со лажни патни исправи да заминат за Будимпешта. Нивниот адвокат потврди дека двајцата поднеле барање за политички азил во Грција.

Грчкиот суд во Солун го одложи судењето на вработените во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски за 17-ти мај идната година. Судот обезбедил преведувач од македонски јазик, но судењето на групата мигранти во коишто се наоѓаат и Грујевски и Бошкоски било одложено, бидејќи еден од обвинетите мигранти не бил уредно поканет за рочиштето. Нивниот адвокат потврди дека двајцата поднеле барање за политички азил во Грција.
Грујевски и Бошкоски беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18-ти октомври, при обид со лажни патни исправи да заминат за Будимпешта. Претходно, две рочишта беа одложени поради немање преведувач од македонски јазик.
Македонски власти на 6-ти ноември побараа екстрадиција на Грујевски и Бошкоски, коишто се обвинети од страна на Специјалното јавно обвинителство за уништување на материјалите од прислушувањето.
