Поројните дождови предизвикаа поплави

01.12.2017 15:31

Вардар на места во Скопје предизвика поплави. Иако се веруваше дека со регулација на Треска и со изградбата на браната Козјак ќе се спречат излевањата, по синоќешните поројни дождови излезе дека не е така. Кризниот штаб сепак подготвен...

Застојот на протокот на вода во центарот на Скопје е вештачки и се должи на градежните актовности во минор коритото, поради тоа има појава на излевање во делот од шеталиштето возводно од градбите, велат од УХМР, Сектор за хидрологија.

Оттаму посочуваат дека врнежите и топењето на снегот предизвикуваат брз истек на водите во водотеците и суводолиците и оти тие ги зголемиле водостоите на сите водотеци во земјата.

Особено покачување се бележи на водотеците од западниот и северниот дел на земјата. Според податоците од терен најголеми промени на водостојот се бележи на реките Радика, Сатеска, Вардар, Треска, Лепенец. 

Од ЕЛЕМ информираат дека акумулациите имаат доволно капацитет да ги примат водите од последните обилни врнежи.