Почнува обесштетувањето за стечајците
По 7.500 денари секој месец за 1.029 стечајци. Доделени првите решенија за обесштетување...

Доделени се првите решенија за обесштетување на стечајците. Месечно ќе добиваат околу 7.500 денари, а исплатата на парите ќе почне месецов, но ќе важи ретроактивно од моментот кога е поднесено барањето. Досегапозитивно се решени 1.029 барања.
Решенијата ќе ги добиваат на домашна адреса наведена во барањето за обесштетување. Барањата можат да се поднесуваат до септември 2018-та година. Надлежните велат, тековно се решаваат. Додаваат, не е затворена ниту листата на фирми, како пристигнуваат барања, така се проверуваат фирмите и се донесувааат решенијата.
Со Законот за материјално обезбедување на стечајците се опфаќаат невработени лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата по 1-ви јануари 1995-та година, заклучно со 31-ви декември 2016-та година.
Наташа Јанчиќ
