МВР трага уште по шест лица осомничени за собраниските настани
01.12.2017 16:00
Министерството нема добиено допис од Обвинителството за распишана потерница по нив...

На барање на Основното јавно обвинителството, МВР трага по уште шестмина од вкупно 36 осомничени, кои обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27-ми април годинава во Собранието на Република Македонија.
Вчера се трагало по 12 лица, но денеска бројката е намалена на шестмина. Министерството нема добиено допис од Обвинителството за распишана потерница по нив. Наредбите за претрес траат 15 дена, а полицијата постапува врз основа на наредбите што ќе ги добие.
