Прилеп

Одбележан Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

01.12.2017 16:08

Во Прилеп одбележан Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Дефектолозите, родителите и здруженијата со порака: подобри социјално, здравствени и образовни услови, поголема пристапност до институциите, повеќе дневни центри и клубови и подигнување на општествената свест...

Прилепчанката Слободанка Николоска има долгогодишно искуство како старател на деца со посебни потреби. Вели, секој ден е чекор напред кон светлоста на крајот од тунелот. Го посетуваат дневниот центар „Ѕуница“.

Во Прилеп има паралелки со стручни тимови до деветто одделение и еден дневен центар. Дефектолозите ќе поддржат законски промени за подобро социјално, здравствено и образовно подобрување на условите. Има потреба од уште еден дневен центар или клубови за лицата со посебни потреби.

Локалната заедница треба, првенствено, да ја развие свеста дека лицата со посебни потреби се рамноправен дел од нашето општествено живеење.

Според податоците, во светот околу една милијарда луѓе се соочуваат со одредена попреченост, а  во Македонија околу 200.000.

 

Елизабета Митреска