Метео: Врнежи и за викендот

01.12.2017 17:09

Температурите остануваат повисоки...

Во текот на викендот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, утре поинтензивни во западните и источните делови од земјата, а кон југ со услови за појава на грмежи.

Во недела врнежи повеќе се очекуваат претпладне. Температурите остануваат повисоки. Утре максималната ќе достигне до 13, а во недела до 16 степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска