Прво рочиште за случајот „Тотал“
05.12.2017 09:26
За затајување данок е обвинето едно лице, управител на неколку компании за маркетинг и консултантски услуги...

Во скопскиот Кривичен суд е закажано првото рочиште за случајот „Тотал“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. За затајување данок е обвинето едно лице, управител на неколку компании за маркетинг и консултантски услуги. Лицето е обвинето дека во периодот од 2008-ма до 2015-та година одбегнал плаќање данок во вредност од 180 илјади евра.
Покрај овој предмет, СЈО во март во пакет ги објави и случаите „Табла“, за злоупотреба на службената должност на директор во основно училиште во кичевското село Зајас, „Триста“, за злоупотреби при јавна набавка на возила во МВР и „Тифани“, за даночно затајување.
