САД
Врховниот суд ја одобри блокадата за муслиманските држави
05.12.2017 11:45
Мерката се однесува и на граѓаните на Северна Кореја, како и на некои претставници на венецуелските власти.

Врховниот суд на САД и одобри на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп целосно да ја спроведе забраната за влез во земјата на државјани на Чад, Иран, Либија, Сомалија, Сирија и Јемен.
Мерката се однесува и на граѓаните на Северна Кореја, како и на некои претставници на венецуелските власти.
На овој список беа ставени и државјаните на Ирак, но бидејќи таа земја е клучен сојузник на САД на Блискиот Исток, забраната беше укината.
Забраната е оспорена во апелациски суд во Хаваи и од страна на Американскиот сојуз за граѓански слободи.
