Јавното обвинителство постапува по пријава за кражба од сефови во банка
06.12.2017 14:55
Пријавата е заснована на изјавите на две лица кои тврдат дека во нивните банкарски сефови недостигаат пари и вредни предмети.

Основното јавно обвинителство- Скопје соопшти дека од 30-ти ноември постапува по пријавата за наводна кражба на пари и вредни предмети од сефови во Шпаркасе банка. Пријавата е заснована на изјавите на две лица кои тврдат дека во нивните банкарски сефови недостигаат пари и вредни предмети.
Оваа пријава веднаш била дадена на работа на дежурен јавен обвинител, кој во насока на расветлување на случајот издал наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот и барање за обезбедување податоци и документација од банката, соопшти Основното јавно обвинителство- Скопје.
