Злато за Лигети, Ристевски во аут
Тед Лигети велеслаломскиот победник. Денеска во Сочи тој испиша нови редови за американската спортска историја, како прв олимписки победник во велеслалом. Првото возење беше решавачко во битката со дузината аспиранти за златниот медал. Лигети резултатски ги „нокаутира“ со предност поголема од една секунда конкурентите Мајер, Хиршер,Пантуро, Нојројтер, Јанка...Најблиску му беше Чехот Банк од втората велеслаломска лига му дојде најблиску на 93 стотинки.

Тед Лигети велеслаломскиот победник. Денеска во Сочи тој испиша нови редови за американската спортска историја, како прв олимписки победник во велеслалом. Првото возење беше решавачко во битката со дузината аспиранти за златниот медал. Лигети резултатски ги „нокаутира“ со предност поголема од една секунда конкурентите Мајер, Хиршер,Пантуро, Нојројтер, Јанка...Најблиску му беше Чехот Банк од втората велеслаломска лига му дојде најблиску на 93 стотинки. 30 годишниот Лигети, мајсторски калкулирајќи со здобиената предност без проблем ја приграби победничката слава.Ова е втора негова олимписка победа по успехот во 2006-та во Торино во супер комбинација.Французите им се радуваат на другите два медала.Подвиг направи Стив Мисилие,кој од 10-то место по првото возење се крена до сребрениот медал.Фаворизираниот Алексис Пантуро заврши како трет..
Единствениот македонски алпинец Антонио Ристевски по грешката во првото возење остана без пласман во првото свое излегување на снегот во Сочи.
Велеслалом (М):резултати
1.Тед Лигети(САД) 2:45.29 мин.
2.Стив Мисилие (Фр) +0.49 сек.
3.Алексис Пантуро(Фр) +0.64сек.
4.Марсел Хиршер (А) +0.94сек.
5.Ондреј Банк (Чеш) +1.00сек.
6.Матијас Маер (А) +1.05 сек.
