Виена
Министерот Димитров на состанок на ОБСЕ
07.12.2017 10:34
Шефовите на дипломатиите ќе разменат мислења за активностите на организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на австриското претседавање.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на 24-от министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, што ќе се одржи денеска и утре во Виена.
Шефовите на дипломатиите ќе разменат мислења за активностите на организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на австриското претседавање.
Воедно, се очекува да се усвојат и повеќе одлуки што се во надлежност на ОБСЕ, односно политичко- воената, економско- еколошката и хуманата димензија.
Министерот Димитров во обраќањето ќе ги претстави ставовите на Република Македонија, информираат од МНР.
