ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокадите и протестите
Според партијата, не постои ниту еден доказ за обвинението за тероризам коешто сака да го конструира власта.

Македонија е единствената држава во Европа во која што народни избраници од опозицијата се притвораат без причина, а уметници, оперски пејачи, режисери, актери и полициски професионалци лажно се обвинуваат за тероризам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, не постои ниту еден доказ за обвинението за тероризам коешто сака да го конструира власта.
Како што стои во дописот, откако хунтата на СДС е на власт, Република Македонија не е демократска. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува меѓународните организации да реагираат на како што велат, уништувањето на демократијата во Република Македонија.
Од опозициската партија најавуваат дека продолжуваат со блокадите на сообраќајници и со протестите.
