Од „Александар Велики“ директно до 26 дестинации

19.02.2014 17:38

Скопскиот аеродорм Александар Велики втора година по ред е најдобар во Европа во категоријата до два милиони патници...

Од Скопје директно до Рим, Париз,Франкфурт, до Келн и Брисел.Нови директни авиолиниии до пет европски метрополи од „Александар Велики“.  Кон 26 дестинациисе патува од македонските авиопристаништа.Над милион патници патувале преку македонските аеродроми, за 20 насто повеќе од претходната година.

Истанбул, Цирих, Виена, Лондон и Малме се хит дестинации за патниците од македонските авиопристаништа.

Најголем број патници заминале кон Истанбул со Туркиш ерлајнс. Скоро 37 насто од вкупниот број се превезувале со Виз Ер.Фреквенцијата е најголема за Новогодишните празници и во летната сезона.Европскиот авиосообраќај  има раст од пет проценти, три години по ред менаџментот на ТАВ тврди, кајнас е над 10-тина насто.

„И политиките на Владата за субвенции помогнаа во зголемување на фреквенцијата. 2013-та е успешна не само по бројот на патници туку и по безбедноста и сигурноста во авиосообраќајот“, вели Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ  Македонија.

Втора година по ред „Александар Велики“ ја доби наградата најдобар во Европа во категоријата до два милиона патници. Во конкуренција со 250 авиопристаништа му ја додели Меѓународниот совет на аеродроми . За да привлече интерконтинентални летови, на скопскиот „Александар Велики“ му недостига повисока категоризација од воздухопловните асоцијации.

„Ние сме сега втора категорија, но се водиме како прва.За тоа е потребно надминување на географските пречки во близина на аеродормот на што, покрај ТАВ, работат и надлежните институции“,вели Алпер Тунгај Ерсој.

Откако се појавија нискобуџетските компании, патувањата со авион не се повеќе луксуз за македонските граѓани, велат податоците.

 

Сузана Фиданска- Стоевска