Хејли: САД не се откажуваат од мировниот процес на Блискиот Исток

09.12.2017 10:17

Таа додаде дека одлуката на Трамп не го минува статусот кво на светите места во Ерусалим и дека САД не се обидуваат да наметнат никакви договори за нив, вклучително и за Ридот на храмот.

Вашингтон останува ангажиран во блискоисточниот мировен процес и покрај одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим како главен град на Израел, изјави вечерва постојаниот претставник на САД во ОН, Ники Хејли.

Сфаќаме дека одлуката е тешка за разбирање за другите членови на меѓународната заедница, но нашите активности се насочени кон постигнување напредок во заложбите за мир. Ние сакаме постигнување договор преку преговори и господинот Трамп не формулира ставови за одделни територии или границите, рече Хејли во обраќањето на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН свикана поради одлуката на американскиот претседател за Ерусалим.

Таа додаде дека одлуката на Трамп не го минува статусот кво на светите места во Ерусалим и дека САД не се обидуваат да наметнат никакви договори за нив, вклучително и за Ридот на храмот.

Хејли нагласи дека и самиот Трамп во својата изјава околу одлуката за Ерусалим, повика на зачувување на постоечкиот статус кво.
 
Според неа, САД се уште имаат кредибилитет како посредник меѓу Израел и Палестинците.
 
САД се уште имаат кредибилитет на двете страни. Израел никогаш нема и никогаш не треба да биде изграден врз основа на договор на ОН или која била друга асоцијација на држави кои докажале дека не им е грижа за израелската безбедност, нагласи Хејли, додавајќи дека ОН со својата политика повеќе им нанеле штета, отколку корист на перспективите за мир на Блискиот Исток.