Груевски поднесе оставка, новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе се избира на конгрес на 22-ри и 23-ти декември
На вонредниот конгрес во Валандово, како што информира ганералниот секретар Христијан Мицковски, ќе учествуваат 544 делегати кои ќе треба да го изберат наследникот на Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ на вонреден конгрес на 22-ри и 23-ти декември ќе избиран нов партиски претседател откако Никола Груевски поднел неотповиклива оставка на денешниот состанок на Централниот комитет на партијата.
На вонредниот конгрес во Валандово, како што информира ганералниот секретар Христијан Мицковски, ќе учествуваат 544 делегати кои ќе треба да го изберат наследникот на Груевски.
Иако засега нема официјална потврда, најсериозни кандидати за челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ, според партиски извори, се Хистијан Мицковски, Никола Попоски, Антонијо Милошоски и Илија Димовски.
