Нимиц на средба со преговарачите за името во Брисел
По три години пауза, нова рунда разговори за разликите околу името. Во Брисел средба на посредникот на Обединетите нации, Нимиц со преговарачите Наумовски и Василакис...

По три години пауза, во Брисел денеска и утре нова рунда преговори меѓу Македонија и Грција со посредство на медијаторот Нимиц. Двете страни ќе ги соочат своите аргументи по однос на прашањето за името.
Од македонското МНР официјално потврдија дека нема да има проширување на преговарачкиот тим и како претставници во Брисел ќе бидат амбасадорот во САД, Васко Наумовски и дипломатскиот претставник од министерството.
Предвидено е медијаторот денеска да има одвоени средби со претставниците на двете земји, а утре во зависност од текот на разговорите, да биде одржан и заеднички состанок.
Нимиц во изјава за независната Балканска новинска агенција ИБНА рече дека гледа добра волја за решение кај двете страни, а се надева и дека ќе бидат надминати таканаречените црвени линии поставени од Атина и од Скопје.
Оценките се дека е добро што конечно ќе има средба, но никој не очекува конкретни предлози од медијаторот Нимиц.
