Во Собранието продолжува дебатата за законот за јазиците
11.12.2017 07:57
Комисијата ќе ги разгледува поднесените амандмани по предложениот текст. Потоа законот во второ читање ќе оди повторно на пленарна седница на дебата по што ќе следува финално изјаснување на пратениците по текстот.

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за европски прашања, на која на дневен ред е Предлог-законот за употреба на јазиците во второ читање.
Комисијата ќе ги разгледува поднесените амандмани по предложениот текст. Потоа законот во второ читање ќе оди повторно на пленарна седница на дебата по што ќе следува финално изјаснување на пратениците по текстот.
Потребата од носење закон за употреба на јазиците беше изгласана од пратениците на 15 ноември годинава. „За“ гласаа 66 пратеници, а 41 беа против.
