Претседателот Иванов во официјална посета на Бразил
11.12.2017 09:47
Ова е прва официјална посета на претседател на Република Македонија на Федеративна Република Бразил и на Латинска Америка.

Претседателот Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во официјална посета на Бразил. Утре во Бразилија со највисоки државни почести ќе биде пречекан од претседателот Мишел Темер.
Ова е прва официјална посета на претседател на Република Македонија на Федеративна Република Бразил и на Латинска Америка.
Шефот на државата Иванов ќе присуствува на свеченото отворање на македонската амбасада, во Бразилија, прва резидентна македонска амбасада во Латинска Америка.
Во Бразилскиот центар за меѓународни односи, Иванов ќе одржи предавање на тема европската бегалска криза- научени лекции.
