Путин во посета на Египет и на Турција

11.12.2017 10:00

Со Реџеп Таип Ердоган ќе разговара за меѓународните проблеми, меѓу кои и кризата во Сирија и на Блискиот Исток, особено по најновите случувања во Ерусалим...

Претседателот на Русија, Владимир Путин е во посета на Египет и Турција на средба со своите колеги од овие две земји.

Со Реџеп Таип Ердоган ќе разговара за меѓународните проблеми, меѓу кои и кризата во Сирија и на Блискиот Исток, особено по најновите случувања во Ерусалим откако беше признаен за израелска престолнина од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Од Кремљ соопштија дека Путин и египетскиот претседател Абдел Фатах ал- Сиси ќе разговараат за билатераната економска, политичка и трговска соработка.